Исус и Че се исти курац
Posted by: zlatev in лично, општество, религија, сеир, tags: Исус, Сличност, Че, Че Гевара
Че
Многу е лошо да имаш идоли, ептен е лошо
!
Кога бев малечок мене Че Гевара ми беше идол, незнам зошто али ептем ми се свиѓаше човеков. Онака фаца е, со пури, со добра брада, народен човек… фраер прва класа нема шо. А ја така инаетлија по природа одма си го засакав Че пошто он нели беше симбол за отпор! за спротиставување!
Растев така јас со со сликата на Че во мојата соба, со песните за него во мојот медиа плеер, се додека еден ден не ми текна религиски да почнам да се образовам. Ова звучи како да сум решил да станам академик поп, али не ја онака од разонода да видам што проповеда она против што јас се борам толку седнав, и си ја прочитав библијата.
Почнав да ги читам приказните за Исус, што тој работел каков бил по природа, како држел говори качен на тоа планината, што им викал на луѓето…… И одма ми штрекна во глаата, па ова е Че бе си викам ја! озбилно, исто се осеќав како кога ја читав биографијата на Че исто ама баш исто!

Исус
И двајцата се бореле против системот, и двајцата имале така по неколкумина како браќа до нив, и двајцата биле онака добри оратори. Па и фраери! со брада онака. Че си има препознатлива капа, Исус еве крунава од трња, е сеа незнам Исус дали пушел пури… али далеку му била него Куба..
А и пред некој ден видов човек со маичка со слика на Исус (јас пак имам со Че). Искрено сега ги сваќам фундаменталните религиски фанатици (затоа што и јас сум бил таков ама не религиски) ги сваќам и не ги гледам како некои големи непријатели. Како што рекол Толстој:
“Everyone thinks of changing the world, but no one thinks of changing himself.”
- е јас сега ја сватив правата револуција, да се изменам себеси (ЗА ПОЧЕТОК) а после се друго.
Нема фајде ни од Че ни од Исус, Џабе е да се залетуваме и чукаме по гради поради некакви идеи (идеологии) затоа што тоа не ни носи ништо добро, ни создава само омраза кон другите различните, оние кои не се на Light Side
Ето видите другари и од религијата може да се извлече нешто добро, јас си извлеков!
Entries (RSS)