Се радувам што се одлучи и што, без да гледаш назад во минатото, ги насочуваш своите мисли напред кон нов потфат. Исто во Париз, стариот универзитет на филозофијата – absit omen! [нека тоа не биде лош знак] – и новата престолнина на новиот свет! Она што е нужно, тоа си се поврзува. Поради тоа не се сомневам дека ќе биде можно да се надминат сите пречки, чија важност не ја потценувам.
Но без разлика дали потфатот ќе се оствари или не, во секој случај до крајот на месецот ќе бидам во Париз, зашто воздухот тука те прави слуга и во Германија не гледам простор за каква било слободна активност.
Социологијата често се дефинира како “Студија на општеството; човекова социјална интеракција”.
Ова поле опфаќа социјални структури,и когнитивни и материјални. Еден пример на когнитивна социјална структура е формираната институционализирана религија и нејзиното работење и влијание на колективната свест. Задоени христијани споделуваат мислење дека човечкиот “живот” е елемент кој е одвоен од природата и убиствотот на нероден фетус е погрешно. Истовремено, натпреварувачки базираниот монетарен систем има поборници со идеи како на пример дека конкуренцијата е најпродуктивната општествена состојба во која луѓето можат да се вклучат.
Материјалните општествени структури, од друга страна пак, се многу очигледни и постојат во форма на корпорации и влади, каде секоја има силно влијание на општеството.Сите материјални општествени структури паѓаат во сенка на когнитивното царство бидејќи имат идеологија зад нив. Сега, заедничкиот совиолошки проблем е да се справи со “’човечката природа” и ефектите во колективна смисла. На пример,повеќето луѓе се научени дека човечките суштества се природно конкурентни едни на други, заедно со претпоставката дека и општествената стратификација или хиерархија е исто така тенденција на “човековата природа”.
Ова е заблуда.
Ако набљудуваме, да речеме, група лавови, ќе забележиме социјална хиерархија и насилен натпревар за храна во повеќето случаи. Оваа споредба е она што ги наведува луѓето да мислат дека е природна појава во општеството,како и војна, алчност, его итн. Сепак,тоа што е предвидено се условите на животната средина присутни во секој случај. Групата лавови постои во светот на недостатокот. Тие не ја имаат способноста да создадат замки за храна, ниту храната е достапна на основа на барање. Тие треба да ловат и да се борат едни против други. Ова создава конкуренција природно,со цел да се преживее лавовите морат да бидат агресивни едни на други. За возврат,хиерархијата е развиена за најјакиот лав да победи најмногу, а врши и доминација на стратификуван начин.
Исто така,во нашево актуелно човечко општество се случува баш истото. Луѓето живеат во истиот вид недостаток уште од мугрите на постоењето. Сепак, како што времето минува, стануваме се повеќе и повеќе “цивилизирани” поради нашата способност да создаваме. За разлика од лавовите, луѓето се способни да создадат алатки и да придвижат процеси што го ослободуваат човечкото суштество од одреден проблем или работа,намалувајќи го недостатокот. Со помошш на овој увид,гледаме на фундаментално ниво дека кога недостатокот би можел да се искорни човечкото однесување би подлежело на драматична промена, движејќи се надвор од конкуренција,доминација и стратификација.
Исто така,застарените идеологии кои не му се спротивставени на тесотт на времето, како што е теистичката религија, го соединуваат тој мит дека луѓето/општеството е изградено на одреден начин. На пример, католичката идеологија тврди дека луѓето се “родени со грев”. Ова е апсурдно, застарено и базирано на примитивни сфаќања за човечкото однесување. Нема разлика помеѓу бебето на Ганди и бебето на Хитлер, средината е таа што ја оформува личноста, а со тоа и општеството (и обратно).Затоа, вистинските социолошки промени ќе дојдат кога ќе се отстранат условите кои предизвикуваат модел на настрано однесување што го загадува нашето општество. Затворите,полицијата и законите се само крпеница,и всушност имаат тенденција да ги влошат работите со текот на времето. На крајот на краиштата, тоа ќе донесе редизајн на нашата култура да се промени човечкото однесување на подобро.
Препрочитувајќи го Маркс налетав на неговиот „Увод кон критиката на Хегеловата филозофија на правото“. Како и секогаш уживав во марксовата филозофија и налетав на неколку пасуси кои и тоа како ми беа интересни и во нив ја пронајдов моменталната ситуација во Македонија искритикувана за Германски услови и Германско тло.
Германофилијата преминала од човекот во материја и на таков начин едно прекрасно утро нашите рицари на памукот и херои на железото се разбудија како патриоти. Во Германија, значи, почнуваат да го признаваат суверенитетот на монополот внатре во земјата, преку тоа што му даваат на монополот суверенитет кон странство. Во Германија, значи, штотуку имаат намера да започнат со она на што во Франција и Англија веќе се готват да му стават крај. Стариот гнил поредок, против кој теоретски востануваат тие земји, и кој тие уште само го трпат, како што се трпат синџири, во Германија се поздравува како развиделување на зора на прекрасна иднина, којашто одвај се решава да премине од итра теорија во најбезочна практика. Додека во Франција и Англија проблемот гласи: политичка економија или господарење на општеството над богатството, во Германија тој гласи: национална економија, или господарење на приватната сопственост над нацијата. Значи, во Франција и Англија станува збор да се уништи монополот што се развил до своите крајни последици; а во Германија за тоа да се развие монополот до своите крајни последици. Таму станува збор за решавањето на проблемот, тука – само за колизија. Тоа е доволно показателен пример на германската форма на современите проблеми, пример на тоа како нашата историја, слично на невешт регрут што повторува стари вежби, сметала досега за своја задача само да повторува излитени приказни.
Значи, кога општиот германски развиток не би излегувал од рамките на политичкиот германски развиток, Германецот би можел да учествува во проблемите на современоста најмногу онолку колку што во нив може да учествува Русинот. Меѓутоа, ако одделна личност не е врзана со границите на државата, тогаш нацијата, земена во целост, не станува слободна поради тоа што одделна личност станала слободна. Меѓу филозофите на Грција имаше еден Скит,[4] но тоа ни за чекор не ги доближи Скитите до грчката култура.
За среќа, ние Германците не сме Скити.
Како што старите народи ја доживувале својата предисторија во имагинацијата, во митологијата, така ние Германците ја доживуваме нашата идна историја во мислите, во филозофијата. Ние сме филозофски современици на сегашниот век, без да бидеме негови историски современици. Германската филозофија е идеалното продолжение на германската историја. Значи, кога наместо oeuvres incompletes [незавршените дела] на нашата идеална историја, ние ги критикуваме oeuvres posthumes [постхумните дела] на нашата идеална историја, филозофијата, тогаш нашата критика се наоѓа во средиштето на оние прашања за кои сегашниот век вели: that is the question [тоа е прашањето]! Она што кај напредните народи претставува веќе практично раскинување со современиот државен поредок, тоа во Германија, каде што таков поредок уште дури не ни постои, претставува најпрво критичко раскинување со филозофскиот одраз на тој поредок.
Како што Германофилијата преминала од човекот во материја така што едно прекрасно утро германските рицари на памукот и херои на железото се разбудиле како патриоти – така и македонизмот преминал од човекот во материја така што едно прекрасно утро нашите тутуноберачи и хероини шивачки станаа патриоти.
Кога беше тоа утро? – не би се дрзнал да одговорам, можеби беше пред четири но можеби пред дваесет а којзнае можеби и пред шеесет години.
Маркс овој текст го напишал во 1843 година и тогаш пред сто и кусур години национализмот го претставил како заостанат процес. Значи пред сто и кусур години национализмот претставувал заостанат процес а ние денес на него гледаме како на зора на прекрасна иднина?
На македонците дури во 21 век им текна да се освестат, а очигледно си го најдоа и својот Ото Фон, Ото Фон Груевски. Сега се форсира антиквизација, сега се чукаме по гради за обединета македонија, сега кога светот се повеќе и повеќе оди кон тоа да се откаже од овој гнил поредок, сега кога конзервативци како Саркози признаваат дека капитализмот неможе повеќе ние се дрзнуваме на овие глупави националистички приказни да гледаме како на зора на прекрасна иднина.
Е извинете драги, во 21 век да се биде националист е глупаво, национализмот е творба на буржоазијата, националното чувство е творба на буржоазијата исто така… во феудалните општества не постоеа нации (освен ако вербата во кралот не е националност).. е сега кога на капитализмот му доаѓа крај (бар јас го гледам крајот)..
Значи, античките македонци не се осеќаа како македонци (не се осеќаа никако), за разлика од нив денешните антички македонци се осеќаат така и градат споменици од нив на сред плоштад..
КАКОВ АПСУРД! КАКВА ГЛУПОСТ!
Некој очигледно и го испра мозокот на македонската работничка класа, која наместо за својот леб и своите права се бори за својата нација…
No wonder at all!!! Wars and disasters create new “markets” which are perfect forthe world economy severely hit by the current overproduction crisis.Read Marx, comrades…
Светот е село! Ние селаните (граѓаните на светот) имаме циркус во селото, нас циркузантите (и они од селото) не забавуваат додека нашите куќи горат… што порано ни текне тоа подобро, бар да изгасниме нешто..
Ај сеа едно песниче шо ми го линкна еден другар вчера, ми го разубави денот!
Целта на zeitgeist движењето и на венера проектот е поддршка на идејата за формирање на глобално движење кое би водело кон создавање на свет со економија базирана на реални ресурси.
Ова не е научна фантастика, туку проект кој покажува дека промената е можна и денес, а зависи исклучиво од човекот. Од нас.
Ќе напишам и пост понатаму за овој проект кој неможе без револуцијата на свеста, но понатаму сега по уживајте малку во тоа што ќе се случи ако падне капитализмот
Талкајќи така по facebook-ot налетав на статусов. Го видов, искоментирав и беше голема провокација да го напишам постов што и така планирав да го пишувам.
Името и сликата на личноста која го напишала статусот нема да го објавам, затоа што не сакам да ја загрозувам приватноста, а и не е битно кој го напишал, битна е пораката, која во случајов морам да признаам не ми се свиѓа.
Прашањето е: Како тоа наеднаш соц-интелигенцијата стана загрозена? – Па таа владее со светот во последните 2000 и кусур години.. сме имале на планетава технократска влада? па да кажеме дека не владее соц-интелигенцијата?
Јас на пример, не пратам вести, не знам што проекти прави владата, ниту пак знам што прави опозициата. И не ме интересира! Нормално секоја активност на владата и опозицијата треба да биде изложена пред критиката на јавноста, но критикувањето на популаризацијата на техничките науки е глупост, најголема ГЛУПОСТ!!!
Што имаме ние во државава? – На еден електро инжиниер имаме дваесет правници, на двајца машински инжиниери имаме десет книжевници, на еден архитект имаме триесет економисти… (од ќутура кажувам ама не е далеку од вистинските пропорции)..
Цивилизацијава до сега ниту еднаш не направила револуционерен напредок во општеството благодарение на соц-интелигенцијата, кога и да се случиле револуционерни промени во начинот на живот секогаш тоа било поради науката, поради природно математичката интелигенција (инжиниерите)… Најголемите зла создадени на земјава се политиката и монетарниот систем (создадени се од општествената наука)..
Искрено немам ништо против општествените науки, тие треба да бидат тука, морално е да бидат тука, но еве на пример Исак Њутн бил и физичар и филозоф (исотот може да се рече и за Ајнштајн)…
Но тоа е џабелебојадачите протестираат против ова, тоа им е задача, затоа што ним нај многу им одговара статус кво во општеството, така тие ќе може со лаење да си го заработуваат лебот на сметка на оние кои прават се а се ништо!
П.С Па тие кои се критикувани се припадници на соц-интелигенцијата неможе да ве варат сапун треба и самите да се варат. Вам ви е потребно варење, туку пренасочување во производство!
Наеднаш стана фашизам тоа што светов треба да оди напред?
Кога бев малечок мене Че Гевара ми беше идол, незнам зошто али ептем ми се свиѓаше човеков. Онака фаца е, со пури, со добра брада, народен човек… фраер прва класа нема шо. А ја така инаетлија по природа одма си го засакав Че пошто он нели беше симбол за отпор! за спротиставување!
Растев така јас со со сликата на Че во мојата соба, со песните за него во мојот медиа плеер, се додека еден ден не ми текна религиски да почнам да се образовам. Ова звучи како да сум решил да станам академик поп, али не ја онака од разонода да видам што проповеда она против што јас се борам толку седнав, и си ја прочитав библијата.
Почнав да ги читам приказните за Исус, што тој работел каков бил по природа, како држел говори качен на тоа планината, што им викал на луѓето…… И одма ми штрекна во глаата, па ова е Че бе си викам ја! озбилно, исто се осеќав како кога ја читав биографијата на Че исто ама баш исто!
Исус
И двајцата се бореле против системот, и двајцата имале така по неколкумина како браќа до нив, и двајцата биле онака добри оратори. Па и фраери! со брада онака. Че си има препознатлива капа, Исус еве крунава од трња, е сеа незнам Исус дали пушел пури… али далеку му била него Куба..
А и пред некој ден видов човек со маичка со слика на Исус (јас пак имам со Че). Искрено сега ги сваќам фундаменталните религиски фанатици (затоа што и јас сум бил таков ама не религиски) ги сваќам и не ги гледам како некои големи непријатели. Како што рекол Толстој:
“Everyone thinks of changing the world, but no one thinks of changing himself.”
- е јас сега ја сватив правата револуција, да се изменам себеси (ЗА ПОЧЕТОК) а после се друго.
Нема фајде ни од Че ни од Исус, Џабе е да се залетуваме и чукаме по гради поради некакви идеи (идеологии) затоа што тоа не ни носи ништо добро, ни создава само омраза кон другите различните, оние кои не се на Light Side
Ето видите другари и од религијата може да се извлече нешто добро, јас си извлеков!
Имав неколку обиди да блогирам на блогерај (стариот) ама у глобала беа не успешни, користев неколку ника како levi Ljubo, Levi Yubo… али не успеав незнам зошто може не ни сум бил за блогирање. Арно ама преку стариот блогерај и ако не се афирмирав себеси у блог заедницата успеав да создадам доста лични пријателства кои до ден денес траат, на пример со Томислав Захов (Мара) мојот драг другар поет а има и уште неколку!
Си викам дај да ја пробам новава платформа, да видам што како има, да видам дали блогерите ќе се откажат од изигравањето терористи и партиското етикетирање.. а за тоа дека имаше морони на блог.цом.мк имаше, некои по цела ден шетаа по блогови коментираа пишуваа постови само како партиски гласници како етикетирачи.. ај да видиме новава платформа што ќе даде на тоа поле и ако јас како слободен совтвер фанатик многу се радувам што е базирана на wordpress..